“Еманципација на отпорот”
Простори на автодидактизам – создавање на заедничко знаење наспроти поделеноста

Во рамки на тридневниот настан Контрапункт ве повикува да ги проследиме предавањата/презентациите на тројца водечки европски теоретичари на уметноста и културата:

Сузана Милевска (05. 03. 2013 со почеток во 19:30ч.),
Марина Гржиниќ (06. 03. 2013 со почеток во 19:30ч.)
Дмитри Виленски – колектив Chto delat? (07.03. 2013, со почеток во 19:30ч.).

Во рамките на овие предавања ќа се отворат прашања поврзани со концептите на политичкото и естетското, ќе се испитаат разликите и сличностите на самоорганизираното образование и неговите позитивни и негативни ефекти, како и дали самообразовните концепти и практики влијаат врз општествените промени во добата на дигиталната и мрежна размена на знаења.

Во фокусот на овој настан е да се отвори прашањето како да се развијат еманципациските практики на отпорот, како политичкото и естетското можат да бидат ефикасни и да произведуваат нови општествени вредности на теориско и на практично рамниште. Како критички да размислуваме и дејствуваме преку активистички и уметнички практики, како да развиеме политичка одговорност во рамките на уметничката и социо-културната сфера, имајќи го на ум политичкиот контекст каде што слободата на изразување и на перформативност е речиси руинирана.

Првичната возбуда од улогата на „новите“ медиуми е завршена. Социјалните мрежи се дел од вообичаеното секојдневие, уште еден од каналите на комуникација, а ние имаме достапност до информациите повеќе од кога и да е во човечката историја. Но, сепак, овде во Македонија, живееме во општество каде што правото на слободно изразување и на критичка дебата и акција исчезнуваат. Токму затоа ни е важно да осознаваме, истражуваме и практикуваме можни тактики и алатки преку кои критичката мисла ќе биде слушната. Воедно, од исклучително значење е ре-артикулацијата на теориското и естетичкото во релација со политичкото.

Вториот фокус кој е комплементарен со претходните теми се однесува на форматите на стекнување знаење, аспектите на хиерархиските и нехиерархиските модели на образование. Во изминатите години сведоци сме на така-наречен образовен-пресврт, во рамки на кои концептите и стратегиите како што се авто-дидактизам, само-организација, неформално образование, колаборативност, станат фокус на интерес не само вон институциите туку и во институционалните сфери на образованието. Воедно, овие теми станаа клучен ангажман на многу теоретичари и уметници. Споделеното знање преку дигиталните мрежи се чини дека ги стави во втор план традиционалните форми на стекнување и размена на знаење, со тоа што направи информацијата да биде достапна 24/7.

Прашањата што сакаме да ги покренеме се:

  • Како да ги исцртаме и развиеме искуствата стекнати со „старите“- агоричните и „новите“- мрежни технолошки практики со цел да постигнеме социјална кохезија и политичка промена?
  • Дали треба да размислиме за промена на насоката на движење од новите медиуми и социјалните мрежи кон „агората“?
  • Како да се воспостави рамнотежа меѓу едниот и другиот начин на критичко дејствување и која е интерферференцијата на новите медиуми, социјалните мрежи со „агората“?
  • Како политичкото и естетското (особено во рамките на самоорганизираните облици на дејствување и размена на знаењата, во рамки на она што се нарекува автодидактизам и нов активизам во јавната сфера, која особено ги подразбира новите медиуми, социјалните мрежи) може да биде ефикасно на теориско и на практично рамниште?
  • Колку естетското е заложник на политичкото и обратно?
  • Што значи естетизацијата на политичкото и обратно, и кои се консеквенците од таквите процеси?

Во рамки на овие предавања ќе се анализираат различни практики на само-организирано знаење. Воедно ќе се отвори прашањето дали авто-дидактизмот во контекст на ограниченостите на формалниот образовен систем има капацитет да изгради проактивни, ефикасни форми на дејствување во општеството. Ќе се разгледува улогата и политичката одговорност на критичкото промислување на поединецот, културниот работник, теоретичарот, уметникот, „мислителот на сцената“ особено во овие наши псевдо-капиталистички контексти каде е убиено правото на мислење и правото на политичка перформативност.Ќе се дискутираат можностите за конфронтација на нерамноправниот систем на знаења со транс-локална колаборативност, имајќи ја на ум се поголемата контрола која постојано им се заканува на дигиталните мрежи и нивната отвореност во споделувањето на знаењето: да се претворат во уште затворен, ексклузивен систем.

* * * * *

“Emancipation of the resistance”
Spaces of autodidactism – creating communal knowledge against the divide

05 March 2013, Dr. Suzana Milevska: ‘The art of the ruling with the knowledge (read: power)’
[lecture and discussion]

06 March 2013, Marina Grzinic: ‘The emergence of the political subject’
[lecture and discussion]

07 March 2013, Dmitry Vilenski: ‘What is to be done- between tragedy and farce?’
[A talk on the methods of the platform Chto Delat]

These lectures will address different topics connected with the concepts of the aesthetical and the political, and the differences and similarities of the self-organized education and its positive and negative effects, as well as discuss whether the self-organizing concepts and practices are affecting the societal changes in the age of digital and networked exchange of knowledge.

In the focus of this event is to raise the question of the ways for developing the emancipatory practices of the resistance, how the political and the aesthetical could be efficient in creating new societal values on a theoretical as well as on a practical level. Further on, the topic is going deeper into questioning the possibilities for critical thought and action through activist and art practices, as well as the possibilities for developing political responsibility in the frames of the artistic and the socio-cultural sphere, having in mind the political context where the freedom of speech, expression and performativity is almost completely ruined.

The initial excitement from the role of the ‘new media’ is over. The social networks are part of the usual every-day life, one more communication channel, and we have access to more information than ever in the course of the human history. But still, in Macedonia, we live in a society where the right to free speech and the critical debate and action are disappearing.

This is exactly why we need to ascertain, research and practice the possible tactics and tools through which the critical thought would be heard. In the same time, it is of exceptional importance to re-articulate the relationship between the theoretical and the aesthetical. The second focus, which is complementary with the previous topics is addressing the formats of gaining knowledge, the hierarchical and nonhierarchical models of education.

In the past years we are witnessing the so-called educational shift, in whose frames the concept and strategies of auto-didacticism, self-organization, non-formal education, collaboration are in the focus in an institutional as well as in the non-institutional spheres of education. These topics became a crucial engagement of many theorists and artists.  The knowledge sharing via digital networks overshadowed the traditional forms of gaining knowledge, making the information available 24 hours.

So the crucial questions that we would like to raise would be:

  • How to draw and develop the experiences we already have with the ‘old’ – agoric and the ‘new’- networked technological practices with an aim to achieve social cohesion and political change?
  • Should we think about changing the directions of going back from the networked communication to the agora type?
  • How to make the balance between both ways of critical acting and what would be the interference of the new media, social networks with the ‘agora’?
  • How the political and the aesthetical (especially in the frames of self-education forms of acting and knowledge exchange, in the frames of what is called auto-didacticism and the new activism in the public sphere) could be efficient of the theoretical and practical level?
  • Is the aesthetical a hostage to the political and vice versa?
  • What does it mean to aestheticize the political and vice versa. What would be the consequences of such processes?

In the frames of these lectures, the invited guests will analyze different practices of self-organized knowledge. They will also address the dilemma whether the auto-didacticism has the capacity to build proactive, efficient forms of acting in the society. They will analyze the role and the political responsibility of the critical thinking of the individual, the cultural worker, the theorist, the artist, especially in the pseudo-capitalist context. The discussions will address the possibilities for confrontation of the unequal system of knowledge with the trans-local collaboration, having in mind the growing control that is threatening the digital networks and their openness in sharing the knowledge: to turn into one more closed, exclusive system.

Advertisements